Момче 22 години живее со четири нозе: Ако ме оперираат ќе бидат како и другите
Арун Кумар (22) е роден со две „помошни“ нозе кои му растат од долниот дел од грбот.
Едната дополнителна нога му е развиена, а другата свиткана во колено. Арун кој живее во Индија апелираше преку социјалните мрежи за медицинска помош за да му ги отстранат дополнителните нозе, а тим стручњаци од болницата Гортис во Делхи одговори на неговите молби и организираше дополнителна серија тестови за да дознаат како му се врзани неговите нозе и дали може да се лекува.
-Ако ме оперираат и ако лекарите ми ги отстранат дополнителните нозе ќе може да живеам нормален живот. Можеби ќе можам да се движам и одам како и другите. Ако се подготвени да ја направат операција, тогаш и јас сум подготвен, вели Арун за ТВ Бизар.
Иако не може да ги движи своите додатни нозе, тој има чувство во нив и ја носи тежината на грбот која му штети на положбата на телото и движењето.
Мајката на Арун Кокила Деви го опиша породувањето со несреќното момче:
-Во текот на породувањето се заглави, а кога излези, сите негови екстремитети беа со иста големина, рече таа. Иако родителите изгубиле било каква надеж, ортопедот Хермант Шарма кој неодамна го прегледа Арун, им ја врати вербата дека може да настанат промени.
Тој кај Арун откри дека има уште една карлица и органираше серија тестови за да дознае како се поврзани дополнителните нозе и како влијаат на неговото тело.
-Бидејќи има четири нозе ние моравме да дознаеме од каде се снабдуваат со крв и како влегува во нозете, дали има екстра бубрези, црн дроб, бешика, рече тој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација