Македонија
19. October 2016 - 16:43

Молк во СЈО за вработувањата на партиски кадри во обвинителството

Молк во Специјалното обвинителство откако дел од медиумите објавија дека Катица Јанева вработува партиски кадри на СДСМ. Според објавени информации, Борче Трајковски, викан Боки Бургија се наоѓа на платниот список на Јанева.

Станува збор за лице од партиските структури на СДСМ,  кое им е добро познато на органите на прогонот како сторител на неколку кривични дела за кои во септември 2000 година добил и затворска казна во траење на една година. Редовен е со колумни во медиумите финансирани од СОРОС а може да се забележи и како говорник на партиските собири на опозицијата.

Од СЈО одбија да одговорат на прашањата на Сител, врз основа на кои критериуми е вработено ова лице и дали претходно било проверено неговото криминално досие.
Ова не е прв случај на чудни вработувања во обвинителството на Јанева. Медиумите објавија и за серија други вработувања на лица од структурите на СДСМ и СОРОС но и за класичен непотизам кога беа вработувани ќерки и братучеди на обвинителите.