Балкан
5. October 2016 - 21:40

Молк и тага до небо: Семејството ја преживеа војната, а загина под шлепер

Семејството од Братунац настрада пред два дена кај Лозница кога со голфот влетаа под шлепер. Се враќале од свадба кога се случи страотната трагедија.

-Возачот на камиот рече дека пред себе го здогледал „голфот“ и Рака зад воланот. Дали му се слошило додека возел или имал срцев удар, ќе се знае кога ќе заврши обдукцијата. Ме повикаа од полиција, дојдов веднаш по сударот на местото на несреќата. Колата беше целата смачкана. Полетал прво под предните тркала, а силата го повлекла под шлеперот.  Удриле прво со својата десна страна. На совозачкото место седеше жена му, Нада. Пожарникарите го сечеа лимот за да ги извадат. Таа глетка нема никогаш да ја заборавам, вели роднината Драган.

Во несреќата загинаа Радивој и Нада, нивниот син Петар, ќерката Оливера и деветмесечната внука Елена.

Несреќното семејство во Братунац тагува за своите блиски, и се потсетува на некои стари рани. Тие објаснуваат дека свадбата на внукот на Рака била во неделата и дека сите се радувале на оваа венчавка.

Foto: novosti.rs

-Само Милица отиде со автобус за Чачак кај другарка. А тие тргнаа порано за да патуваат денски. Радивој секогаш беше внимателен возач и секогаш не опоменуваше да возиме полека. Додека уште патувала, Милица на интернет прочитала дека загинале четири лица. Знаела дека се нејзините. Веднаш ми се јави и бараше да и потврда,: „Кажи ми, признај ми“...И реков дека се добро, дека имале сообраќајка и дека се во болница. Не ми веруваше. Отиде право за Лозница, а кога Оља ја префрлија во Белград, отиде и таму, вели Милош, внук на починатата Нада.

Семејството Ѓокановиќ ја преживеа војната и одгледаа три деца. Важат за угледно и добро семејство.

-Малечката Елена се роди околу Јованден. Минатата година на Оливера и правеа свадба. Перо, нашиот драг Перо, заврши хемиско училиште и работеше во перална во Братунац. Мица студира медицина во Фоча. Сега покрај неа мора да бидеме сите, велат родинините.

Foto: novosti.rs

Настраданите ќе бидат погребани во четврток на градските гробишта во Братунац.

-Едно е кога е војна и луѓето гинат и сите очекуваме некаква несреќа. Но ова е поинаку, ова е горка судбина. Небото е високо, а земјата тврда! Каде ќе одам јас, вели низ солзи нивната сосетка.

Телата на тројцата настрадани се испратени на обдукција, а до вчера во Братуинац беше донесено само телото на деветмесечното бебе.