Свет
29. јуни 2016 - 9:21

МОК го повика Бразил да не организира импичмент за време на Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет го повика в.д. претседателот на Бразил Мишел Темер да не закажува гласање за импичмент на претседателката Дилма Русеф за време на летните Олимписки игри во Рио де Женеиро, кои ќе се одржат од 5 до 21 август.

Барањето е неофицијално, а целта е да се избегне ситуација, во која вниманието на Бразилците ќе биде насочено кон политичката криза, наместо кон игрите. 

МОК го замоли Темер да го организира гласањето или пред Игрите или по нив.