Балкан
18. January 2018 - 9:49

Моја нога на Косово веќе нема да стапне: Исповед на сопругата на Оливер Ивановиќ

„Завршивме со Косово, веќе никогаш нема таму да се вратиме“ - ова го порача Милена Ивановиќ, сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, која вчера, во поворката на тагата, со посмртните останки на лидерот на косовските Срби, пристигна во Блеград. Селедејќи го сопругот до неговиот вечен дом, Милена рекла дека нејзиниот син и таа немаат повеќе што да бараат во градот, кој до вчера беше нивен дом.

-Моја нога повеќе нема да зачекори на Косово. Синот и јас завршивме со Косовска Митровица, градот на стравот, темнината и болката. Нашиот Оливер го даде животот, а кога молеше за помош, бараше заштита, никој немаше. Сега за него велат дека е херој, а каде беа тие што го величат кога ни беа најпотребни - во солзи зборувала Милена.

Таа нагласи дека сака само да биде поблиску до Оливер, а дека тој само во Белград повторно ќе биде спокоен.

-Се плашам за детето и себеси. На Косово ни досега не бевме безбедни, а тек сега сме мета. Ќе останеме во Белград за да бидеме поблиску до нашиот Оливер - изјавила Милена.