Свет
10. April 2017 - 8:47

Могерини: Миграцијата е глобален проблем што не влијае само Европа

Миграцискиот феномен има глобален карактер и не влијае само на Европа, изјави синоќа во Рабат високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на крајот од средбата со министерот по прашањата за Магреб, Африканскиот сојуз и Арапската лига Абделкадер Месахел, јави ТАСС. 

Могерини истакна дека работата по тоа прашање ќе продолжи „во духот на планот за партнерство и обострана соработка“. 

При разговорот Могерини и Месахел се договориле да се создаде двостран механизам за дијалог во сферата на безбедноста, со цел борба против тероризмот. 

- Механизмот ќе биде сличен на оној што го поврзува Алжир со другите партнери во светот, наведе Месахел, нагласувајќи дека неговото создавање „покажува проширување на соработката меѓу двете земји“.