-->
-->
Могерини ги очекува актуелните премиери на шесте балкански држави во Брисел
-->
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за среда (24 мај) ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, како одговор на шпекулациите дека од Македонија и Србија е можно на овој состанок посветен на Берлинската конференција, да присуствуваат можните идни нови премиери, по парламентарните и претседателските избори во овие земји.
- Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот, изјави портпаролката Коцијанчич за МИА. Ова значи дека во случајот со Македонија, доколку до среда не биде избрана нова Влада со нов нејзин претседател, дека на состанокот на шесте премиери од Балканот со Могерини ќе присуствува актуелниот претседател на македонската Влада, Емил Димитриев. Ист е и случајот со Србија, чиј актуелен премиер Александар Вучиќ е избран претседател на оваа држава, но новата функција се очекува да ја преземе од 1. јуни, па и тој во својство на актуелен српски премиер би бил дел од овој неформален состанок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"