Балкан
13. November 2017 - 21:37

Могерини: ЕУ има најсилно влијание врз Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека дека Европската Унија има најсилно влијание врз Западен Балкан.

- Не сум загрижна за влијанието или присуството на кој било друг партнер врз земјите од регионотзатоа што се уверив, повеќепати, и во текот на минатата година кога земјите се соочуваа со „сложени изборни циклуси", дека кога ЕУ е присутна со сета своја сила и усогласена, тогаш не постои друг партнер кој има посилно влијание од ЕУ во регионот, изјави Могерини во врска со руската пропаганда во регионот.

Могерини, по состанокот на Советот на министерите за надворешни работи на ЕУ, со кој претседаваше и на кој се осврна на глобалната стратешка комуникација на ЕУ, потсети дека под покровителство на Европската служба за надворешни работи, летово е воспоставен тим задолжен за стратешки комуникации со земјите од регионот.

Федерика Могерини

Таа рече дека се уште е рано да се проценува работата на стратешките комуникации за Западен Балкан, но нагласи дека политиката кон регионот е една од областите на која најактивно се работи во ЕУ.

Ова е едно од прашањата на кое најмногу работиме и тоа само по себе е дел од нашите стратешки комуникации. Можете да го имате најдобриот технички тим кој се занимава со стратешки комуникации, но, ако немате правилна политика, немате за што да давате информации. На Западен Балкан, имаме силна политика и позиција на ЕУ, и ова е основа за поефикасна комуникација, рече Могерини.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност оцени дека комуникацијата на Унијата со Западен Балкан е подобрена токму поради тоа што Брисел е јасен кога вели дека иднината на регионот е во ЕУ.

- Ние сакаме и неопходно е Западен Балкан да соработува како регион и да има јасна насока кон ЕУ. Секоја од шесте земји од регионот има свои специфики, фази и чекори, но заедничка е јасната насока во која се движи регионот, нагласува Могерини.

Федерика Могерини

За влијанието на ЕУ, но и за другите надворешни фактори во регионот, Могерини истакна дека Западен Балкан е Европа и дека се граничи со ЕУ од сите страни.

- Ние сме едно, ние сме семејство, географски и историски поврзани. Затоа, во ситуација кога ЕУ е стабилна и посветена и кога нашите партнери се стабилни и координирани, ниедно друго влијание не може да биде појако од тоа, заклучи Могерини.