Свет
25. January 2017 - 17:36

Могадишу: При експлозија пред хотел загинаа најмалку 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа денеска при бомбашки напад пред популарен хотел во Могадишу, каде влегле напаѓачи и отвориле оган, соопшти локалната полиција. 

Пред хотелот се изведени два напади со автомобили-бомби. 

Полицискиот претставник Ибрахим Мохамед изјави дека жртвите главно се цивили и припадници на обезбедувањето. Во нападите има 43 повредени лица. 

Мохамед истакна дека двајца напаѓачи се убиени. 

Кратко по нападот, радио станицата поврзана со исламистичката бунтовничка група Ел Шабаб јави дека таа сомалиска екстремистичка група го извела нападот во главниот град на Сомалија. 

- Добро вооружени борци го нападнаа хотелот и сега се борат во внатрешноста на хотелот, наведе радиото „Анадалус“.