Модна ревија за децата со посебни потреби во Струмица
Во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица утре во кафе-барот „Индустријал“ во ТЦ „Глобал“ ќе се одржи модна ревија „Убави сме, свои сме“.
-Секој декември здружението „Вера“ од Струмица организира настан каде што се вклучени лицата со ретки состојби. Годинава се одлучивме за модна ревија. Нашите прекрасни модели, облечени во гардероба од струмичките бутици, ќе се прошетаат на модната писта и ќе ве шармираат придружувани од познати личности. Дружењето ќе заврши со музика од диџеј Jас сум Цако - I am Cako, кој веќе неколку пати имавме чест да нѐ разигра, истакна Анче Туфекчиева од Здруженито „Вера“
Децата кои ќе се појават на модната писта ќе бидат придружувани од сопругата на премиерот, Зорица Заева, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пратеникот Костадин Костадинов, советникот и естраден уметник Томе Лазаров, фолк ѕвездите Благица Калева и Ленче Кукиќ, фотографот Сречко Гунчев...
Влезот е 50 денари, а собраните пари ќе одат за поддршка на Здружението за лица со даунов синдром.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари