Македонија
9. January 2018 - 16:44

МНР: Новата рунда разговори за спорот за името на 17. јануари во Њујорк

На 17ти јануари во Њујорк, посредникот Метју Нимиц ги продолжува разговорите со Василакис и Наумовски. Страните вклучени во процесот се договориле дека тоа е најдобриот термин за средба, потврдија за Сител од МНР.

Додека преговарачите се подготвуваат за средбата со Нимиц, властите во Скопје и Атина градат позиции во домашната јавнмост.

Денеска во Атина вице премиерот Османи се сретна со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, но и со неговиот заменик Катругалос. На средбите во Атина, Османи порачал дека власта во Скопје има изразен оптимизам за затворање на прашањето за името.

- 2018 година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја, и, како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса, рекол Османи.

Ден пред неговата посета на Атина пак, неговиот денешен домаќин Коѕиас ја искористи за на грчката јавност да и порача дека работат на решение кое ќе содржи сложено име за севкупна употреба. Коѕијас во интервјуто за ,,Антена‘‘, вели дека во Грција нема да има референдум оти имале одговорна власт, но затоа вели дека цената која ќе ја плати Скопје ќе биде голема ако на референдум граѓаните го одбијата договорот.  

- Скопје нема да може да се приклучи на НАТО, ако не се реши спорот со името, вели Косиас.

Лидерот на опзоцијата, пак пред своите сопартијци изрази сомнеж во капацитетите на владата. Мицотакис вели дека ова е само театар за зачувување на власта.

- Нема да кријам дека немам доверба во Владата за прашањето за името на Скопје. Тие се подготвени на се само за да ги задржат своите позиции на власт, рекол Кирјакос Мицотакис.

На денешните средби во Атина, Османи договорил со своиет колеги продлабочување на економската соработка. Најавен е бзинис форум за стопанствениците од двете земји, како и поголема помош од Атина и пренесување на искуството. Следните денови во Македонија ќе допатува државниот секретар од грчкото МНР кој бил задолжен за утврдување на деталите.