Балкан
26. January 2017 - 22:52

МНР на Турција: Одлуката на грчките власти за неекстрадирање на турските војници противречи на меѓународното право

Турското Министерство за надворешни работи денеска протестираше против одлуката на грчките власти кои одбија да и ги предадат на Анкара турските војници кои избегале од земјата по обидот за пуч на 15 јули минатата година. 

Грчкиот Врховен суд се произнесе денеска против екстадицијата на осумте турски војници, кои беа обвинети од страна на Анкара дека се вмешани во обидот за преврат. 

- Ние протестираме против одлуката на грчкиот суд, што со ова спречува виновниците да застанат пред лицето на правдата. Таа позиција на грчките власти отвора пат кон нарушување на нормите на меѓународното законодавство и правата на настраданите (при обидот за преврат), а исто така и кон тоа, што виновните нема да бидат казнети, стои во соопштението на турското Министерство. 

Турското Министерство за надворешни работи исто така наведе дека Грција ги заштитува учесниците во обидот за преврат и покажува пропусти во борбата против тероризмот. 

„Грчката одлука противречи на меѓународното право, изгледа оти е политички мотивирана и ги нарушува правата на жртвите при обидот за пуч, истакна турското МНР. 

Турското Министерство истакна дека Турција ќе продолжи со напорите со цел да ја обезбеди екстрадицијата. 

Претходно денеска, турските власти издадоа наредба за апсење на осумте војници, кои избегаа во Грција по обидот за преврат во Турција во јули минатата година, јави БТА.