Македонија
17. August 2017 - 19:53

Мнозинствтвото советници од Прилеп одлучија да не дозволат изградба на кампови за мигранти

 “Во општина Прилеп, по никоја цена нема да се дозволи изградба на кампови за мигрантите”, беше одлучено на денешната седница на Советот на општината, на која, ова прашање, кое подолго време многу ја вознемирува прилепската јавност, заради својата актуелност и ургенстност беше ставено како дополнување на веќе утврдениот дневен ред. Советниците од СДСМ, уште пред да почне расправата, ја напуштија Седницата, бидејки, според нив, нема што да се расправа за проблем кој не постоел.

Освен ова, на денешната редовна седница, прилепските советници утврдија и едно рекламно место, на Градскиот плоштад “Матодија Андонов - Ченто каде за престојните локални избори, политичките партии ќе можат да поставуваат свои рекламни билборди.