Бизнис
19. April 2017 - 16:56

ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2% за оваа година

Раст на македонската економија за 3,2% оваа година и за 3,4% догодина. Ова е најновата прогноза на Меѓународниот монтерен фонд во редовниот извештај за економските изгледи во пресрет на пролетните средби во Вашингтон.

Стапката за годинава е ревидирана од претходните 3,5%, што според експертите е последица од политичката криза.

Според проценките на ММФ, брутодомашниот производ на Македонија до 2022 година ќе остварура раст кој ќе се движи до 3,8%.

Годинава во регионот ММФ проектира највисок раст за Албанија со 3,7 проценти, а најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9 проценти.

Светската економија ќе порасне за 3,5%, но со значителни ризици, вклучувајќи и најави за протекционизам кои би може да доведат до трговски војни.

Фондот очекува глобалниот раст да забрза благодарение на добрите прогнози за САД, втелемелни на најавените даночни олеснувања.Добри прогнози има и за Русија која профитира од поскапувањето на нафтата. Кина ќе ја предводи побарувачката за суровини, но ќе оствари раст побавен од претходно.