Бизнис
8. October 2015 - 10:04

ММФ предвидува помал економски раст на БиХ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Босна и Хервеговина до крајот на годината, предвидувајќи помала стапка на пораст од претходно очекуваната, јави ФЕНА. 

Во октомвриската прогноза за растот на БДП на БиХ, Фондот предвидува негово зголемување во 2015 година за 2,0 отсто, Во април ММФ прогнозиораше дека оваа година економијата на БиХ ќе порасне за 2,3 проценти.

Според најновите анализи на Фондот, во 2016 година босанската економија ќе поразне за 3,0 отсто, што е за 0,1 процентни поени помалку во споредба со прогнозите од април.

ММФ ја смести БиХ во групата на држави со „изразит дефицит“ на буџетот, прогнозирајќи негативно буџетско салдо од 7,7 проценти за оваа и 7,6 отсто за следната година.

За 2015 година Фондот предвидува стапката на инфлација во БиХ да изнесува 1,0 проценти, а следната година 1,6 отсто.

ММФ наведува дека падот на стапката на заголемување на БДП-то на БиХ ќе ја следи глобалната тенденција на намалување на економскиот раст, како последица на падот на цените на суровините и „нервозата“ на финансиските пазари.

Така, фондот сега предвидува глобален економски раст од 3,1 проценти, за разлика од јулските прогнози за зголемување од 3,3 отсто.

Доколку се оствари ваквата прогноза на ММФ, тоа ќе биде најмал глобален економски раст од 2009 година, кога светската економија беше во рецесија.