Бизнис
22. November 2017 - 19:56

ММФ: Минималната плата да не се зголемува, границата за пензионирање да се помести, дефицитот да се намали

Минималната плата да не се зголемува, границата за пензионирање да се помести, ова се две од петте топ препораки на ММФ по последниот редовен скрининг на економијата во земјава. Фондот нотира дека растот од 2,4% е најнзиок во регионот и за да се зголеми земјава мора да направи пет клучни реформи. 

Прво, да не се зголемува со закон минималната плата. ММФ смета покачувањето на минималецот ја загрузува конкурентноста на земјата и стимулира сива економија, а притоа нема особено влијание врз благосостојбата затоа што најголем  дел од најсиромашните се невработени.

Фондот бара и зголемување на границата за пензионирање затоа што во Македонија се одело порано во пензија отколку во другите земји во регионот. Предлагаат поместување на границата за одење во пензија, но и за измени на законите кои овозможуваат порано пензионирање.

ММФ предупредува дека стапката на неврабоенста од 23% е меѓу највисоките во Европа, препорачува реформи во образованието затоа што невработени главно се неквалификувани.

Фондот препорачува намалување на дефицитот. Во 2016 изнесувал 45% од БДП или двојно е зголемен споредено со 2008. Прогнозите се дека до 2022 може да стигне до 53%. За негово намалување Фондот препорачува ефикасни мерки како што се засилено собирање на ДДВ, повисоки даноци на имот и за енергија, како и намалување на субвенциите, но при тоа да се води сметка за најранливите категории граѓани.

Во годишниот извештај ММф потсетува дека новата влада управува со земјата од јуни послед ве години тешка политичка криза.