Бизнис
9. July 2015 - 19:47

ММФ: Македонија ќе остане лидер во регионот според економскиот раст

Инвестициите во инфраструктурата, зголемувањето на извозот, странските компании во зоните и кредитниот  раст, остануваат главни двигатели на економскиот раст на Македонија, се вели во најновиот извештај на ММФ.

Со 3,2 отсто проектиран  раст, од страна на монетарците, Македонија и  годинава ќе има едне од најдобрите економски резултати  во Европа.

Бизнис климата  и финансискиот сектор се стабилни- сите банки плус оние две со грчки капитал се во добра кондиција, а добрите услови за водење на бизнис дополнително ќе го зголемат бројот на странските фирми.

Буџетските приходи се повисоки од планираните, отстапување особено има кај приходите од данокот на добивка, додека приходите по основ на ДДВ се нешто пониски од проектираните.

Во извештајот се посочува дека зголемените трошоци за плати во полицијата и за инвестиции во безбедносна опрема може да  го зголемат  дефицитот во буџетот до 4 отсто.

Како главни ризици пак кои може да влијаат на економскит раст монетарците во извештајот ги посочија политичката неизвесто во земјава и случувањата во Грција. Предупредија на поголема претпазливост и подготвеност ако додје до рпелевање на крчката криза во земјава.

Во извештајот на ММФ пишува  дека Македонија во 2008 година влегла во светската економска криза со една од најниските стапки на јавен долг во Европа, која паралелно се зголемувала  со  растот на економијата и е поврзан со поддршката на економијата преку јавни инвестиции во инфраструктурни проекти.  Со натамошниот  процес на закрепнување од глобалната криза  и со фискалната консолидација, Македонија  до 2017 дефицитот треба да го сведе  под 3 отсто, како што се и проекциите на Владата.