Бизнис
22. April 2017 - 16:51

ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза

Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза. ММФ и Светска банка оценуваат дека годинава БДП ќе порасне за околу три проценти. Оценката е изнесена на пролетните средби на двете институции во Вашингтон. На средбите присустуваат министерот за фнансии и гуверерот Богов.

- Констатација на сите релевантни финансиски институции е дека и покрај долготрајната политичка криза, сепак економијата испорачува позитивни резултати. 2016 година ја завршивме со раст на БДП, наплатата на приходите е на задоволително високо ниво и тоа продолжува и во првата половина од 2017 година, буџетскиот дефицит се движи во рамки на Мастришките критериуми така што од тој аспект општата констатација е дека речиси сите макроекономски фундаменти на економската политика во Република Македонија се здрави и оти и покрај сите околности, Македонија дава позитивни резултати, изјави министерот Миноски.

Економијата оделева на предзвиците од кризата затоа што е поставена на добри осонови.

- Видувањата на ММФ и Светската банка се дека македонската економија ќе продолжи да расте и според нив, растот ќе изнесува околу три проценти. Тоа се должи на добрите фундаменти на македонската економија,  но сепак тоа е помалку отколку што може македонската економија да расте, а причината е неповолното домашно политичко опкружуивање, истакна гувернерот Богов.

Од средбите од претставниците на ММФ произлгло дека инфраструктурните проекти се позитивни за развојот на македонската економија. Коридорот 10  ќе биде комплетиран во јуни годинава, а се разговара со Европската банка за обнова и развој и за финансирање на делниците од Коридорот 8, односно автопатската делница од Кичево до Гостивар, како и за желензичкото поврзување од Крива Паланка со граничниот премин Деве Баир. 

Светска банка и Европската банка за обнова и развој поддржуваат проекти во Македонија во вредност од милијарда ипол евра, од кои најголем дел во инфраструктурата. 

Тоа се проекти кои се важни од стратешки аспект заради тоа што обезбедуваат пристап до алтернативни пристаништа за Република Македонија, обезбедуваат раст на БДП на краток рок, а на долг рок даваат подобри услови за водење на бизнис во Република Македонија, нагласи министерот Миноски. 

На средбите се разговарало и за бројни други прокети а особено за поддршка на малите и средни претпријатија.