ММДЧП бара Стејт департментот да ја осуди Тиранската платформа
САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо да ја оправдуваат и да се залагаат за неа, повторно побарал претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов, на средба со претставници на американскиот Стејт департмент.
Меѓу барањата кои ММДЧП ги изложиле се и амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување мандат, за како што се наведува, антимакедонската коалиција.
- Николов изрази огорченост заради намерите на САД активно да ја поддржат коалицијата чија цел е да се сменат името на Македонија, идентитетот, знамето, химната, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија, стои во соопштението од оваа организација на македонските иселеници со седиште во Торонто, Канада.
Првиот човек на ММДЧПС, се додава, исто така, побарал од американскиот Стејт департмент и особено Американската амбасада во Македонија, да се држат до принципите на новата администрација на Трамп кои ветиле дека ќе стават крај на американското мешање во внатрешните работи на други држави.
- Двојниот стандард за Македонија и Македонците мора да престане веднаш. ММДЧП очекува САД да ги почитуваат сопствените декларации за демократија и човекови права и да обезбеди услови тоа конечно и да се оствари, се наведува во писмото од Македонското меѓународно движење за човекови права.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот