Бизнис
16. November 2017 - 15:31

Младите земјоделци наскоро ќе потпишат договори за неповратни средства од 10 илјади евра

Наскоро ќе почне потпишувањето на договорите за почнување бизнис со млади земјоделци, кои ги исполниле условите. Тие ќе добијат неповратни средства во висина од 10 илјади евра.

Портпаролот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Соња Јанковска денеска изјави дека на вчерашната владина седница се усвоени измените на Програмата за рурален развој со кои се обезбедени средства за поддршка на мерката „Млад земјоделец“. 

- Оваа мерка е од исклучителна важност за модернизирање на земјоделството, воведувањето на нови технологии, за развој на руралните средини и за спречување на миграцијата село – град, истакна Јанковска на прес-конференција по редовниот брифинг во Владата.