Македонија
8. February 2016 - 19:34

Младите социјалдемократи од Велес ја обвинија власта за иселувањето на младите

Невработеноста и нискиот животен стандрад ги натераа младите да ја напуштат Македонија, обвинија денеска од општиснкиот организација на СДСМ во Велес.

Младите социјалдемократи велат дека во изминатите 10 години се иселиле над 600 илјади луѓе.. Во СДСМ сметаат дека вината за ова ја сноси владеачката партија.

-Лицемерно е СДСМ да обвинува и прикажува вина за младите кога зад себе нема оставено ниту еден проект. Вака реагираше општинскиот комитет на вмро-дпмне на прес конференцијаа на младите социјалдемократи..

Од Унијата на млади сили велат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се што испуштиле владите на Социјалдемократскиот сојуз.

Двете партии најавија дека на следните парламентарни избори ќе понудат низа проекти за младите..