Живот
21. November 2017 - 11:47

Младиот водоводџија има голема тајна, ја откри додека местеше туш

Дилан Салиба (22) од Сиднеј, Австралија, е водоводџија, а според неговиот талент, се уште не е доцна да ја промени својата кариера.
 
Поправките во купатилото и кујната може да ги замени со оперско пеење, бидејќи во видеото кое го преплави интернетот, покажа дека има неверојатен талент. Додека го менува тушот во бањата Дилан ја пее познатата песна на Павароти „Nessun Dorma“.
 
Неговиот пријател и колега тајно го ставил телефонот за снимање, а потоа видеотот го објави на социјалните мрежи.