Фудбал
7. јуни 2017 - 20:34

Младата репрезентација на Македонија успешно ги спроведува подготовките за ЕП во Полска

Списокот на играчи е комплетиран на 24  и  селекторот Милевски со своите соработници се обидуваат да ги подготват фудбалерите за тешките исцрпувачки натпревари во Полска. За само 7 дена од 17-23-ти јуни ќе се одиграат три средби со Шпанија, Србија и Португалија.

Еден од столбовите во нашата игра е  Енис Барди кој еден од најдобрите играчи во Унгарското првенство.

Македонија го освои првото место во квалификациската група  пред Франција која се смета за една од најсилните европски селекции. За Барди игрите против оваа репрезентација се репер за  начинот на кој треба да им се спротиставиме на нашите противници во Полска.

Младата селекција во Македонија ќе се подготвува до 12-ти јуни кога околу пладне со чартер ќе отпатува за Полска каде ќе продолжат подготовките до првиот европски меч со селекцијата на Шпанија на 17-ти јуни.  За пласман во полуфиналето потребен е триумф во групата или најдобар пласман на 2. Место од трите групи.