Живот
31. October 2017 - 14:23

Млада манекенка (14) почина на модна ревија: Пред смртта и се јавила на мајката и и рекла „Ужасно сум уморна!“

Руската манекенска Влада Ѓуба (14) почина на модна ревија во Шангај.

Девојчето се срушило по 13-часовен моден маратон во кинеската престолнина, паднала во кома и по два дена починала.

Лекарите констатирале дека боледувала од менингитис, а исцрпувачката ревија довела до колапс на организмот со кобен исход. Агенцијата за која работело девојчето ги демантираше обвинувањата дека тинејџерката умрела од исцрпеност.

Медиумите пишуваат дека девојките, биле главно во ропски однос и дека не смееле да се јават на лекар во страв дека ќе ги загубат договорите.

Според информациите, тинејџерката и нејзината руска агенција за менекенки склопиле договор со агенцијата “Esee” на три месеци.

Мајката на починатата манекенка Оксана рече дека и се јавила на ќерката на телефон и и рекла: „Мамо ужасно сум уморна, само ми се спие.“ Загрижената мајка се обидела веднаш да отпатува во Кина, меѓутоа додека кинеските власти и издале виза, нејзината ќерка веќе била мртва.

“Глобал Тајмс” ги цитираше претставникот на Модната недела, кој изјави дека во тек е истрага за случајот. Весникот исто така се повикува на болничкиот извештај во кој наводно пишувало дека манекенката страдала од некој вид труење на крвта. Се проверува дали манекенката и другите имале соодветно здравствено осигурување.

Ѓуба почина неполни две недели пред својот 15. роденден. Во Кина лицата помлади од 16 години не можат да работат во одредени сектори долку за тоа не добијат официјална дозвола. Многу манекенди доаѓаат во Кина од Русија за да изградат кариера во суровиот манекенски свет.

Државниот правобранител за човекови права од Москва го презеде случајот за во потполност да ги разјасни околностите кои доведоа до смртта на Влада Ѓуба