-->
-->
Млад возач од Кочани покоси тројца пешаци, една тинејџерка (17) тешко повредена
-->
Вчера во 17,05 часот во Кочани на ул.„Теодосија Паунов“ се случила сообраќајна незгода во која М.С. (24) од с.Оризари, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со кочански регистерски таблици удрил во тројца пешаци, од кои двајца на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години.
Во незгодата пешакот на возраст од 17 години се здобила со тешка телесна повреда. Таа по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани била префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.
Другите двајца пешаци се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море