Македонија
10. September 2016 - 16:48

Млад скопјанец тргна сам против сообраќајната некултура

Ѕид на срамот за скопските возачи создаде млад скопјанец кој на јутуб каналот “Мото-Влог Скопје“, закачува видео клипови од несовесни возачи.

Тој со својот мотор се вози низ градот и ги снима оние кои возат побрзо од дозволеното, кои поминуваат на црвено, кои престигнуваат на полна линија или пак разговараат на телефон дури возат.

- Секој ден има по некоја сообраќајна незгода со мотор, затоа и го правам ова, снимам видеа и ги ставам на каналот. Се надевам дека ќе се подигне свеста, ова не го правам за пари туку да ја подигнам свеста дека треба да се почитуваат сообрќајните правила и прописи, објаснува сопственикот на каналот на кој до сега се закачени окоилу 10 видеа кои покажуваат стотици прекршоци.

На тапет се и пешаците, кои наместо на зебра поминуваат на сред булевар или пак поминуваат на црвено светло.

За својата работа, овој канал добива многу пофални коментари. Но има и такви кои се закануваат затоа што се нашле во некој од неговите клипови.