Македонија
18. October 2017 - 19:36

Млад прилепчанец во пожар го загуби својот дом

Дејан Велески е млад прилепчанец кој во моментов е невработен, а не зема ниту социјална помош. Вели дека со години живее живот без никакви егзистенцијалн услови, снајдувајќи се како знае и умее за да преживее.

Но, несреќата како да не оди никогаш сама, па, пред неколку дена останал и без мизерниот покрив над главата што го имал, откако во неговата куќа избувнал пожар кој му го уништил и тоа малкуто што го нарекувал дом.

Тој е самец, а во моментот на пожарот тој не бил дома, па не знае од што бил настанал, но, како што вели, знае дека сам никогаш не ќе може да ја санира штетата, а зимата е на прагот.

Инаку, за неполна седмица, во Прилеп се опожарена две куќи, каде се предизвикани големи материјални штети. Токму затоа и од ТППЕ постојано апелираат за максимално внимание при ракувањето со грејните и електричните тела, како и за задолжитено чистење на оџачките канали.