Македонија
23. January 2018 - 9:58

Млад прилепчанец прегази пешак и побегна, подоцна се врати и го пријави случајот

Ноќеска во 00.55 часот на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М.(35) од Прилеп, удрило во пешакот П.И. (74) од Прилеп, по што со возилото го напуштил местото.
 
По кратко време се вратил и се  пријавил како учесник во незгодата.
 
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.И. на кој му била укажана лекарска помош во Оопшта болница Прилеп.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.