-->
-->
МКФ ја продолжува соработката со „Туркиш Ерлајнс“
-->
Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ ќе биде дел од тимот на Македонската кошаркарска федерација уште една година откако беа комплетирани сите документации за конечно парафирање на договорот кој беше потпишан помеѓу претседателот на МКФ, Петар Наумоски и Генералниот директор на авиокомпанијата во Република Македонија, Пинар Ајваз Арикан, информираа од МКФ.
Во изминатите две години, колку што турската авиокомпанија е соработник на македонската куќа на кошарката, соработката се одвиваше на највисоко ниво. Токму поради тоа, двете страни без многу дилеми ја обновија својата соработка на уште 365 дена.
- Одредено време разговаравме со претставниците на „Turkish Airlines“, но поголемиот дел од разговорите се водеа за ’дотерување’ на детали од договорот. Несомнено беше дека соработката ќе продолжи, бидејќи и тие, како и ние се задоволни од меѓусебната соработка и професионалниот однос. Ние сакаме да им го пружиме најдоброто на нашите репрезентативци и сметам дека го правиме токму тоа со задржување на една одлична компанија како дел од нашиот тим, истакна претседателот на МКФ, Петар Наумоски, при потпишување на договорот.
Турската авиокомпанија функционира на просторите на Република Македонија речиси 19 години, а како докажан пријател на македонската кошарка ја започнува својата трета година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик