19.04.2014 - 13:55 |
Последна промена пред 27 мин 15 сек

Languages

Венизелос му рече НЕ на Нимиц за Горна Република Македонија

Медијаторот на ОН Метју Нимиц од министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос слушна очекуван одговор кој се однесува на добро познатите грчки позиции за прашањето за името на Македонија, јавуваат грчките медиуми.

Сите локални медиуми јавија за средбата на Нимиц со Венизелос, истакнувајќи дека грчкиот дипломат на медијаторот уште еднаш му повторил дека неговиот последен предлог од април годинава не е прифатлив за Атина како основа за преговори.

„То Вима“пишува дека Венизелос повторно истакнал оти Атина нема да преговара за идеи кои, пред се, не содржат географска одредница пред терминот „Македонија“, и второ, кои не се однесуваат на име за секаква употреба.

„Според дипломатски извори, шефот на грчката дипломатија го информира Нимиц и за неговите средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со македонскиотминистер за надворешни работи Никола Попоски. Венизелос му нагласил на медијаторот дека на решението за името треба да се гледа во пошироки рамки на соработка во Западен Балкан и оти Атина е подготвена, ако се постигне взаемно прифатливо решение, да и понуди финансиска помош на економијата на Скопје“, пишува „То Вима“.

Јасмина Тасева

Слични вести

Македонија