21.04.2014 - 16:44 |
Последна промена пред 22 сек

Languages

Сите дела на Шекспир достапни за македонските читатели

Комплетното Шекспирово творештво македонските читатели отсега на своите полици ќе го имаат и на македонски јазик.37-те драми и 154 сонети преведени од професор Драги Михајловски се доказ за домашната интелектуална креативност,и проект кој квалитетот на образованието го крева скалило погоре,согласни министрите за култура и образование.

 За да го остави овој значаен залог во македонската литература и образование,Михајловски во работа поминал 3 ипол децении.Посветеноста како што вели,постојано ја пренесува и на своите студенти,кои и самите ќе даваат придонес во проектите на Министерствата.

Министерствата ќе одвојат средства за тиражот значително да ги надмине сегашните 50 примероци,а 6 Шекспирови дела ќе бидат објавени во проектот “Ѕвезди на светската книжевност“.

Никола Здравковиќ

Македонија