20.04.2014 - 17:57 |
Последна промена пред 1 мин 5 сек

Languages

Меѓународна изложба на украсни птици и животни во Тетово

Со прогласување на победниците во седумте категории заврши третата  меѓународна изложба на украсни птици и животни во Тетово.

За најдобар петел беше прогласен петелот одгледуван од Златко Петроски од Скопје, најубава живина беше прогласена живината на Марјан Тошев од Скопје, во конкуренцијата  гулаби  победник беше одгледувачот Слободан Јовановски од Скопје, за најубав екпонат беше прогласени птиците на Емран Орхан од Скопје, најубав зајак, зајакот на Бобан Маринковски од Тетово, најубава птица - птицата на Владан Јовановски од Тетово и најдобра одгледувач и севкупен шпобедник на изложбата беШе Горан Трајковски од Прилеп.

На узложбата учествуваа 74 одгледувачи од цела Македонија и судии оценувачи од Србија и БИХ.

За време на изложбата во училишниот двор беше организирана берза на украсни птици и животни. Третата  меѓународна изложба беше организирана од здружението Дијамантски петел во соработка со општина Тетово. 

Македонија