20.04.2014 - 00:58 |
Последна промена пред 53 мин 6 сек

Languages

Мастерс – Лондон: Победници во двојки Шпанците Вердаско и Мареро

Шпанските тенсиери Фернандо Вердаско и Давид Мареро триумфираа во финалето во двојки на Мастерсот во Лондон. Тие вечерва беа подобри од браќата Боб и Мајк Брајан. Првиот сет го добија Шпанците 7:5, а следниот им припадна на Американците Брајан со 7:6 (7:3). Во „супер сетот“ на поени беше 10:7.
 
Ова за шпанската двојка беше само втор освоен турнир оваа  сезона, додека браќата Брајан 2013 година ја завршија со 11 титули и тоа три Грен слем и убедливо се први на АТП листата во конкуренција на двојки.
 

Тенис