19.04.2014 - 19:01 |
Последна промена пред 2 мин 40 сек

Languages

Агенција за храна: Во кујните на училиштата „Кочо Рацин” и „Св. Кирил и Методиј” нема бактерии

Нема бактерии во кујните на скопските основни училишта „Кочо Рацин” и „Св. Кирил и Методиј”, покажуваат резултатите од земените брисеви во повторниот контролен преглед.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), одговорните лица ги презеле сите потребни активности во рамки на интерните контроли за надминување  на пропустите констатирани од Центарот за јавно здравје.

Инспекторите за храна по спроведените контроли констатирале дека во кујните на двете основни училишта е извршено чистење и дезинфицирање на површините.

Слични вести

Македонија