Свет
10. September 2017 - 8:44

Мјанмар: Рохинџите прогласија едномесечно примирје

Бунтовниците Рохинџи прогласија едномесечно примирје со цел да се достави хуманитарна помош во сојузната мјанмарска држава Ракхајн.

Во судирите во северозападниот дел на Мјанмар загинаа стотици луѓе, а приближно 300.000 лица беа принудени да побегнат во соседен Бангладеш.

Групата муслимански бунтовници, која се нарекува Армија за спас на Рохинџите во Аракан на Твитер објави прекин на огнот и ги повика мјанмарските владини сили да преземат реципрочни мерки, за да се овозможи достава на хуманитарна помош.

Владата на Мјанмар се уште нема одговорено на понудата за примирје.