Ракомет
2. January 2017 - 21:58

Митревски: Имаме капацитет за 1/8 финале

Ракометната репрезентативна „1“ повторно е во составот на Македонија. Никола Митревски од денеска е на подготовки со репрезентацијата во Автокоманда. Голманот ги пропушти подготовките во Маврово, но Лино Червар се реши да го повика за вториот дел каде ќе се работи на тактичката подготовка за дуелите од Светското првенство.

- Ги пропуштив подготовките во Маврово, од колегите од репрезентацијата дознав дека таму се работело напорно. Сепак селекторот реши да ме повика, тој е селектор тој решава. Имаме уште неколку денови за воигрување. Сите опции се отворени, а со максимално залагање и борба имаме капацитет да се пласираме во осминафиналето. Ќе биде тешко дека ривалите се тешки, но и ние за нив ќе бидеме тежок ривал, изјави Никола Митревски.
Митревски не беше дел од репрезентацијата на дуелите од квалификациите со Украина и Чешка, а по објавувањето на списокот каде го немаше Борко Ристовски беше за очекување дека Митревски ќе биде со репрезентацијата. Сепак за првиот собир Червар, не го повика, но на вториот Митревски пак е во составот.
Тој впрочем од повиканите голмани има најголемо искуство на меѓународни натпревари, а сега успешно го „чува“ голот на Бенфика.