Ракомет
16. January 2018 - 18:42

Митревски: Добро е што победуваме, а не играме најдобро

 
 
 
 Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски, е рангиран на високото четврто место на листата „најдобри голмани“ на мрежата на Европското првенство во Хрватска. 
 
Митревски на првите два меча против Словенија и Црна Гора имаше вкупно 12 одбрани од 38 упатени удари кон неговиот гол, што е 38% ефикасност во одбраните. Ваквиот учинок  го рангира Митревски на четвртото место. 
 
„Се подготвуваме добро за ова првенство и за првите два дуела. И два се решаваа во последните секунди. Кога се победува на вакви натпревари расте и самодовербата. Знаеме што не чека на дуелот со Германија, но знаеме дека не чекаат уште три тешки натпревари во Вараждин. Добро е што победуваме, а не играме најдобро“, изјави чуварот на голот Митревски. 
 
Пред нашиот голман, се лидерот Микаел Апелгрин од Шведска (30/68, 44%), Јаник Грин од Данска (10/23, 43%) и Чехот, Мартин Галиа (23/56, 41%). 
 
Денеска е слободен дел за македонските ракометари кои се лидери во Ц групата со две победи над Словенија и Црна Гора, па утрешниот меч против европскиот првак Германија ќе решава колку бодови црвено-жолтите ќе пренесат во главната фаза во Вараждин.