Македонија
12. October 2017 - 15:47

Митевски најави нови проекти за Стара Каменица

Нови проекти за населбата Стара Каменица најави денеска кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Митевски.

- По изградените пристапни патишта и водоводна и канализациска мрежа, најавуваме дека патот од Крапевско Маало се до Стипцарско маало ќе биде проширен на 4,5 метри и тоа во 2018 година. За овој проект имаме обезбедно проекти и средства. По изборите ќе направиме јавна набавка и веќе напролет овој проект ќе биде реалност. Ќе изградиме уште една зграда за месната заедница и ќе продолжиме со проектот асфалтен пат до секоја куќа истакна Митевски, најави Митевски.

Најави и асфалтирање улици во ова населба, но и повеќе проекти кои се однесуваат на младите,  на пенизонерите но и на сите други жителчи во општината.