Свет
14. December 2017 - 23:06

Мистура за Сирија: Пропушена е златна можност

Специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Стафан да Мистура изјави дека е „пропуштена златна можност“ откако двонеделните мировни преговори завршија без напредок.

Тој наведе дека немало реална дискусија помеѓу претставниците на сириската Влада и на опозицијата и покрај тоа што неговиот тим се обидувал да поттикне „разни креативни формули“.

Мистура ја обвини и делегацијата на сириската Влада, која допатува во Женева, дека поставувала предуслови за разговори со опозицијата и оти не сакале да разговараат за ништо друго освен за тероризмот.

Според Владата на Башар ал Асад терористи се сите тие кои и се спротиставуваат.

- Опозицијата сакаше да разговара и за други теми, како што се изборите, Уставот и раководењето со државата, посочи мИстура, додавајќи дека мора да смислат „нови идеи“ за идните мировни преговори.