Интернет
17. May 2017 - 10:53

Мистериозни сиви линии ги збунија корисниците на Фејсбук - се случува нешто чудно

Ширум светот, а и кај нас во Македонија утрово нешто чудно се случува со социјалната мрежа Фејсбук. Забележани се проблеми со отварањето на милион страници на Фејсбук и не се прикажуваат постовите кои последни се објавени.

Корисниците на социјалната мрежа, денеска на страната не гледаат ништо. Се појавија чудни сиви линии кои досега се немаат појавено на страната.

Фејсбук не е паднат само кај нас туку и во Италија, Финска, Русија, Украина, Шпанија, Грција...со што корисниците страниците ги гледаат на мобилен, но не и на компјутер.