Балкан
20. March 2017 - 17:47

Мистериозната смрт во Сопот: Професорката убиена зошто била сведок на судењето на љубовникот

Десанка Милановиќ (76) која на почетокот на февруари беше убиена во својата куќа во населбата Трешња кај Сопот, била сведок на судењето во кое својот близок познаник, а кои нејзини пријатели тврдат дека и бил љубовник, го обвинила дека пијан непримерно ја допирал малолетната ќерка, на која таа и држела приватни часови по математика.

Ова го раскажа таткото на девојчето, Ратомор Гачевиќ, кого со убиената Десанка го споила „заедничка мака“.

Сите хартии, пораки кои со Десанка ги разменувал, како и нивните разговори, Ратомир пред две недели ги предочил на белградската полиција која води истрага за убиството на Десанка.

Злосторството е откриено на 8. февруари кога телото на Десанка го пронашол нејзиниот син.

Десанка, инаку пензионирана професорка на Машинскиот факултет, е убиена со истрел додека седела во фотеља. Куршумот бил истрелан од надвор, од дворот, низ прозорецот и Десанка ја убил на самото место. Гачевиќ вели дека Десанка ја запознал пред 3 години.

-Сопругата со која имам две дец аи јас се разведовме во 2008 година. Таа тогаш со синот кој сега има 13 и ќерката од 18 години тогаш отиде во нашата заедничка куќа во Трешња, а јас изнајмив куќа во Рипањ. Десанка и беше прва соседка. Пред 3 години, почна приватно да држи ќасови по математика на нашата ќерка и од тогаш почнаа проблемите, вели Гачевиќ.

Тој вели дека со Десанка на часовите по математика секогаш доаѓал и еден маж, кој бил помлад од неа 30-тина години.

-Дури подоцна од децата слушнав дека Десанка живеела со тој човек. Тоа е нејзина работа, не се мешав, се додека мојата ќерка не почна чудно да се однесува. Се повеќе се повлеквуаше во себе, престана да се дружи со врсници, а психологот во школото забележал дека нешто не е во ред со неа, а потоа и роднините на бившата жена ме предупредија дека во нивната куќа „Сешто се случува“, продолжува Гачевиќ.

Набрзо до него стигнале гласини дека љубовникот на Десанка повеќе време поминува во куќата на неговата поранешна сопруга, и затоа одлучува да провери што прават таму.

-Тогаш и ја повикав Десанка и таа ми рече дека тој човек е во љубовна врска со мојата поранешна сопруга, како и тоа дека има законска жена и деца на друго место. Тоа не ме интересираше, но ќерката се повеќе се повлекуваше во себе, и се плашев за децата. Мојата поранешна сопруга, веројатно во страв, поради децата, да не се спротивставам на нејзината нова љубовна врска, против мене поднесе кривична пријава за насилство во бракот. Постапката тргна и јас како сведок ја викнав Десанка, раскажува Гачевиќ.

Foto: Dragana Udovičić

Според документацијата од сослушувањето, Десанка во Второто основно обвинителство се појави на 10. декември 2015 година.

Тогаш дала исказ дека често доаѓала во куќата на поранешната сопруга на Гачевиќ, дека никогаш не му дозволила да врши насилство над било кој, дека тој носел храна за децата, дека никој не се жалел на него. Многу поинтересен дел од нејзиниот исказ била приказната за нејзиниот „познаник“, кој најпрво живеел во нејзината куќа, а потоа се преселил во куќата на поранешната сопруга на Гачиќ, со која „стапил во врска“.

Foto: Dragana Udovičić

-Јас присуствував на свените кога тој е пијан, а ќерката на Гачевиќ била во близија, кога тој, веројатно во шега, почнал да ја штипе по целото тело. Се гледаше дека не и се допаѓа тоа. Ситуацијата во куќата не беше нормалан и пријатна. Ќерката се повлекуваше во собата зошто често присуствувала на интимните сцени на својата мајка и тој мој познаник. Имала отпор кон нивниот однос и кон него, сведочела Десанка.

Натаму во сведочењето навела дека на својот познаник му го позајмила автомобилот, дека тој не сакал да и го врати и дека го пријавила во полиција. Потоа со нивна интервенција и е вратен.

Десанка тврдела дека поранешниот љубовник ја ограбил два - три пати, и и се заканувал, а во една прилика со шипка ја удрил по глава и за малку не ја убил.

Тој тврди дека Десанка, месец дена пред да биде убиена, му се јавила и му рекла дека поранешниот љубовник ја начекал во сокакок, и се заканил и и побарал 5.000 евра.

-И реков да пријави во полиција, а таа тоа го сторила, а полицајците од Сопот наводно не успеале да го најдат. Последна порака и пратив на 8 февруари. Ја прашав дали и натаму и бара пари. Не одговори. Веќе беше мртва, раскажува Гечевиќ.

Полицијата не даде коментар за сите овие негови тврдења.