Мистериозна смрт на преубава манекенка: Ивана (18) била пронајдена гола и мртва на балкон по забава
Младата манекенка Ивана Смит (18) пронајдена е мртва на балкон на шести спрат во зграда во Куала Лумпур. Медиумите пишувааат дека таа најверојатно паднала од 20. спрат по забава. Локалната полиција смртта ја третира како несреќен случај иако членовите на семејството на холандската манекенка инсистираат на истрага.
Тие не веруваат дека Ивана паднала од 20. спрат.
- Пронајдена е гола. Каде и се штиклите и облеката? Веруваме дека постојат криминални елементи во нејзината смрт. Нормално дека не веруваме во приказната на полицијата бидејќи не можат да ни дадат ниту фотографија ниту извештај - изјавил член на семејството кој во целиот случај ја вклучил холандската амбасада, но и Интерпол.
Непосредно пред трагедијата соседите наводно слушнале расправија која доаѓала од станот во кој била Ивана, а според полицискиот случај во крвта на Ивана пронајдено е алкохол и екстази.
Ивана работела со бројни познати брендови меѓу кои и Шанел. Пред 13 години од Холандија се доселила во Малезија и пред нејзе била сјајна кариера која за жал ја прекинала со страшна трагедија.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок