Живот
23. October 2016 - 14:12

Мистериозна смрт на еден од најпознатите теоретичари на завери

Најпознатиот теоретичар на завери и „ловец“ на вонземјани Макс Спирс пронајден е мртов во Полска. каде еден ден пред тоа одржа говор за НЛО.

Спирс (39) бил пронајден во безживотна состојба, а полицијата не пронашла никакви знаци на физички напад или борба. Тој еден ден пред мистериозната смрт испратил порака до мајка му - „Твоето дете е во опасност, ако нешто му се случи, истражувај“.

Пријателите на Спирс се сомневаат дека тој е отруен бидејќи последните денови повраќал црна течност.

- Се што имам е посмртницата од полските власти и дека се работи за природна смрт, но не е направена обдукција, изјави мајката на Спирс, додавајќи оти нејзиниот син дошол до некои забранети податоци поради кои страдал.

Неговите пријатели, исто така теоретичари на завери, сметаат дека тој не е мртов туку дека е киднапиран од вонземјани.