Балкан
27. May 2017 - 21:51

Мистеријата на проклетата зграда: Мирјана се самоуби, има еден морбиден детаљ кај сите самоубиства

Старицата која пред неколку дена скокна од солитер во Белград, е петтата жртва на зградата, за која соседите велат дека е проколната. 

Посебно морбиден е фактот дека оние кои се решаваат да си го одземат животот со скок од зградата, тоа го прават помеѓу 13. и 14. кат, па паѓаат директно на бетонска конструкција на земјата, по што веќе им нема спас и одат во сигурна смрт.

Последната жртва е 71-годишната пензионерка Мирјана А. која си го одзеде животот со скок од оваа зграда. Со оглед на тоа дека таа не е прва, туку петта жртва, психолозите се согласни, зградата шитри негативна енергија, а жртвите ја бираат токму поради висината и фактот дека одат во сигурна смрт.

- Тоа е погодно место за самоубиство, знаат дека нема излез, и затоа нема простор за никаква паника дека солитерот е проколнат или за некаква магија, велат психолозите за српскиот Курир.