Живот
27. February 2017 - 10:35

Мистерија во Сибир: 23 војници претворени во камени статуи

Во сибирска тајга се пронајдени 23 статуи за коишто се верува дека се скаменети руски војници, пишува порталот „Есорајтер“.

Во 1993 над тајгата наводно прелетал НЛО, којшто бил нападнат и погоден од руската Армија, со ракета „земја-воздух“, и оттаму се појавиле пет необични човеколики суштества, високи половина метар. Тие, како што пишува порталот, имале големи глави и црни очи без зеници. Вонземјаните „се фатиле за раце и веднаш потоа 23 руски војници се претвориле во камени статуи“, се вели во написот.

За настанот сведочат двајца од војниците, кои биле пооддалечени, па преживеале.

Скаменетите биле испитувани од стручни лица во таен истражувачки центар во Москва. Тие утврдиле дека промените се од молекуларен и атомски карактер, се посочува во статијата.