Свет
26. October 2016 - 15:32

Мистерија: На комплетната посада и пилотите им се слоши, авионот едвај слета

Прекуокеанскиот лет на Бритиш Ервејс од Сан Франциско до Лондон мораше принудно да слета зошто на комплетната посада и се слошило.

Авионот слетал во канадски Ванкувер, а сите 25 членови од посадата се префрлени во болница.

Неверојатно е што меѓу патниците нема ниту еден болен, туку само членовите од посадата меѓу кои се и тројцата пилоти. Се нагаѓало дека лошо се чувствувале поради вдишување на некаков чад, но потврда за тоа се уште нема.

foto printscreen youtube

Во болница превентивно се префрлени двајца патници, но набрзо се пуштени откако лекарите потврдиле дека се во добра здравствена состојба.

Во Бритиш Ервејс одбија да го кометираат инцидентот и не сакаат да ги откријат симптомите на кои се пожалила посадата.

Можеме само да потврдиме дека 25 наши работиници се префрлени во болница, рекоа од компанијата.

Авионот Ербас А380 морал да ја промени рутата по два часа лет и да сврти кон Ванкувер. Локалните медиуми го снимија моментот кога бројни медицински екипи го дочекаа авионот.жon.

-Авионот мораше да слета откако посадата се пожалила дека лошо се чувствува. Жал ни е за патниците, со автомобили ќе бидат сместени по хотели и алтернативни летови, рекоа од компанијата и најавија истрага за инцидентот.