Македонија
29. јуни 2017 - 9:44

Мишел Темер нема да учествува на Г-20

Бразилскиот претседател Мишел Темер го откажа учеството на средбата на врвот на Г20 што ќе се одржи на 7 и 8 јули во Хамбург.

– Претседателот одлучи да не учествува на средбата на Г20, се вели во соопштение од Кабинетот на Темер.

Официјална причина не е наведена.

Според бразилски медиуми, Темер одлучил да не патува во Хамбург во момент кога парламентот ќе носи одлука за прашањето со обвиненијата против него за корупција поднесени од главниот обвинител Родриго Жанот.

Темер е првиот во историјата на Бразил претседател на кого обвинителството му поднело обвинение.