Џет-Сет
8. January 2016 - 18:07

Мишел Родригез ѕвездата на Брзи и бесни објави фотографија со влакна под пазуви

Мишел Родригез (37), ѕвездата на филмот "Брзи и бесни", ги честиташе новогодишните и божиќните празници објавувајќи фотографија која предизвика големо внимание.
 
Таа позира пред елка додека на главата има новогодишна капа, но она што го привлече вниманието и бројните коменари се влакната под пазувите.
 
- Ветувам дека ќе ги избричам пазувите некаде пред Нова година - напишала Мишел над објавената фотографија.
 
Глумицата моментално ужива на одмор во Мексико, а на папараци фотографиите видно се гледаат влакната под нејзините пазуви.