Македонија
14. March 2018 - 19:30

Мировен корпус на САД - за 21 година на 700 волонтери работеле во 43 македонски општини

Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа денеска го организираа првиот годишен форум на градоначалници по повод отворањето на повикот за аплицирање за волонтер во 2018 година.

Во изминативе 21 година над  700 волонтери на Американскиот Мировен корпус живееле и работеле во 43 македонски општини.

Нивна цел е да им  помагаат на општините, училиштата, невладините организации, воедно го  изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура и ги запознаваат жителите на Македонија со нивните обичаи.

Волонтерите делат широк спектар на знаења и вештини за менаџмент, консултантски услуги, информатичка технологија, управување со отпад…

 Во моментов во земјава се наоигаат околу 100 волонтери, но Мировниот корпус сака да се зголеми нивниот број.