Ракомет
9. April 2016 - 8:37

Миркуловски самокритичен, но најавува победа

Македонската репрезентација вчера одигра тежок натпревар против домаќинот на групата Полска и загуби со пет голови разлика (25:20). Играчите сепак подготвени се за напорите што ги очекуваат и во следните два дена.

- Кикснавме со Полска. Посебно слабо одиравме на моја позиција. Но имаме сили да го победиме Тунис. Го гледавме дуелот со Чиле, тоа е нивната игра со Жалуз. Со поголема концентрација и да одиме на победа, изјави големиот борец Филип Миркуловски за кого полските репрезентативци пронајдоа вистинска тактика за да го сопрат.